Бројот на превезени патници во приградскиот превоз зголемен за 14.2%
Во првото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, бројот на превезените патници во приградскиот превоз е зголемен за 14.2%.
Во градскиот превоз е намален за 11.6%, како и во меѓуградскиот превоз каде што намалувањето изнесува 19.3%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 13.2%.
Ова е според податоците на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани бројот на патничките километри во приградскиот превоз е зголемен за 24.7%, а во градскиот превоз за 2.6%. Во меѓуградскиот превоз е забележано намалување кое изнесува 10.6%, како и во меѓународниот превоз каде што намалувањето изнесува 20.8%.
Слично
