Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 6.8%

Бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 6.8%

Бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 6.8%, во споредба со 2014 година, објави Државниот завод за статистика.

Лани бројот на паркиралишта и гаражи, како  објекти за паркирање, изнесува 251, со површина од 718 255 m2. Според обработените податоци, 22 591 место за паркирање се на отворен простор, 3 843 места за паркирање има во покриените гаражи, а во катните гаражи има 4 846 места за паркирање. Споредбено со 2014 година, бројот на местата за паркирање е зголемен за 20,1%, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 12.9%, а во катните гаражи, бројот на местата за паркирње е зголемен за 34.9%. Бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби, лани бил 412, во покриените гаражи 74, додека бројот на местата за паркирање во катните гаражи изнесува 53.

Слично

Поврзани вести