Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на оштетни возила во соседна Грција порасна на шест

Бројот на оштетни возила во соседна Грција порасна на шест

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило  на македонски државјанин, информираат од МВР.

Имено цлучајот е пријавен од страна на лицето Т.Д. од Скопје  во чија сопственост е возилото марка „Форд - Ескорт“ на кое е скршено задното стакло од десната страна на возилото.

Оштетувањето се случило во средата во туристичкото место Неа Каликратија соседна Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција.

Со овој нов случај на оштетувања,  бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно шест, а досега регистрирани се и тринаесет кражби  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во Р.Грција.

Слично

Поврзани вести