Бројот на невработени пак расте!
За само два месеца регистрирани се 20.000 нови невработени во Македонија, покажаа податоците на Агенцијата за врабнотување. Согласно оваа статистика, бројот на невработени лица кои активно бараат работа во август годинава изнесува 100.458.
Веќе во септември оваа бројка се зголемила на 114.487 лица, а во октомври дополнително пораснала на 120.741 лице. Во месец октомври минатата година бројот на невработени изнесувал 92.799 лица.
Според полова структура, работа бараат 72.877 мажи и 47.864 жени. Најголем е бројот на регистрирани невработени во Скопје, а најголем број од невработените се без образование и со основно образование.
Анализата на пазарот на трудот, пак, покажува дека најголем број слободни работни места има во Скопје - 2.625, но тоа сепак е дури девет пати помалку отколку што има луѓе што бараат работа во главниот град.
Според дејности, најмногу слободни работни места има во трговијата на големо и мало и во преработувачката индустрија. Најбарани занимања се продавач и келнер.

Слично