Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ПАДНА НА 90 ИЛЈАДИ – најголем дел се во Скопје, еве ги деталите од Агенцијата за вработување

БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ПАДНА НА 90 ИЛЈАДИ – најголем дел се во Скопје, еве ги деталите од Агенцијата за вработување

Минатата година се забележа континуиран тренд на намалување на бројот на невработени, особено ако се земат предвид бројките на Агенцијата за вработување. Од месец во месец, Агенцијата регистрираше се помалку лицата кои се пријавуваат за невработени. Според последните бројки, во ноември бројот на невработени изнесувал 90.278, додека пак во категоријата други лица кои бараат работа се пријавиле 42.614 граѓани.

За споредба, еден месец претходно, односно во ноември, бројот на невработени изнесувал 91.434 лица, додека во категоријата други лица кои бараат работа имало пријавено 42.904 лица.

Месец претходно пак, односно во октомври како невработени биле пријавени 94.729 лица, додека во втората категорија имало 43.175 пријавени граѓани. Еден месец пред тоа, односно во септември невработени биле 94.480 лица, додека бројот на лица кои бараат работа достигнувал 43.002 баратели. Во август пак, како невработени биле пријавени 95.032 лица.

Овие бројки покажуваат јасен тренд на намалување на бројот на лицата кои се пријавуваат како невработените во Агенцијата. Со ова намалување на бројот на невработените граѓани кои се пријавиле во АВМ, всушност се регистрирани најниските бројки на лица  кои се пријавиле за невработени во земјава во последниве години.

Како што може да се види во табелата, со почетокот на годинава бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените, па така, ако на почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени, веќе во март се спуштиле на 95 илјади невработени граѓани.

Потоа повторно имало намалување, па во Април нивниот број бил 94 илјади граѓани кои се невработени. Во петтиот месец од годината бројката била повторно благо над 94 илјади граѓани, за во јуни да порасне за над 3 илјади невработени лица и да се зголеми на над 97 илјади невработени.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 20.160сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 11.807 невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 8.930 невработени лица. Следен град со повисока невработеност е Гостивар, каде бројката достигнува 6.508 лица, а потоа е Прилеп каде што како невработени се пријавиле  5.379 граѓани.

Надлежните очекуваа со примената на новиот Закон за работно ангажирање да се намалува бројот на невработени лица во нашата земја.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, неодамна посочи дека податоците на Државниот завод за статистика за 2024 година укажуваат оти во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани, што според него претставува сериозен предизвик кој бара системски, а не ад-хок решенија. 

Затоа беше донесен Законот за работно ангажирање на лица, кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2026 година и претставува суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници – нагласи тој. 

П.О.

Слично

Поврзани вести