Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на милионери рапидно се зголеми во 2020

Бројот на милионери рапидно се зголеми во 2020


Повеќе од пет милиони луѓе станаа милионери ширум светот во 2020 година и покрај економската штета од пандемијата Ковид-19.  Бројот на милионери се зголеми за 5,2 милиони  и сега ги има 56,1 милиони ширум светот, покажа истражувањето на Кредит Свис.

Во 2020 година повеќе од 1% од возрасните ширум светот беа милионери за прв пат. Закрепнувањето на берзите и зголемувањето на цените на недвижнините помогнаа да се зајакне нивното богатство.

Создавањето на богатство се чини дека е „целосно одвоено“ од економските проблеми на пандемијата, велат истражувачите.

Ентони Шорокс, економист и автор на Глобалниот извештај за богатството, рече дека пандемијата има „акутно краткорочно влијание врз глобалните пазари“.

- Глобалното богатство не само што се одржуваше пред ваквите превирања, туку рапидно растеше во втората половина на годината“, рече тој.

Вкупното глобално богатство порасна за 7,4%, се вели во извештајот.

До почетокот на 21-от век, бројот на луѓе со богатство помеѓу 10 000 и 100 000 долари се зголеми за повеќе од трипати; од 507 милиони во 2000 година до 1,7 милијарди до средината на 2020 година.

Според извештајот, растот го одразува „растечкиот просперитет на економиите во развој, особено Кина, и проширувањето на средната класа во светот во развој“.

Главниот директор за инвестиции на „Кредит Свис“, Нанет Хехлер-Фајдхербе, вели дека намалувањето на каматните стапки од страна на централните банки веројатно имаше најголемо влијание.

„Тоа е главна причина зошто цените на акциите и цените на имотите се зголемија“, вели експертот и додава дека за време на пандемијата односот на јавниот долг кон БДП пораснал ширум светот за 20 процентни поени и повеќе во многу земји.


Слично

Поврзани вести