Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројни предизвици пред либерализацијата на пазарот на струја

Бројни предизвици пред либерализацијата на пазарот на струја
Со цел да се разгледаат предизвиците кои ги носи либерализацијата на пазарот на струја најавена во април, како и формирање на Берза за електрична енергија, стручни лица од земјава и регионот се сретнаа на тркалезната маса во организација на А.Д.Мепсо. Како главни прашања беа дискутирани можностите и предносите што оваа реформа ги носи во земјава и во регионот, како и начините за создавање услови за купопродажба на електрична енергија по пазарни цени. Бепе посочено дека берзата на струја ќе даде транспареност на цената на струјата и поголем избор, а таа треба да стартува во 2015 година, по отворањето на пазарот. „Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е голема реформа која што ја спроведуваме. Наскоро на пазар ќе можат да набавуваат електрична енергија за своите потреби над 220 компании, со што ќе го остварат нивното право за избор. Сега ја организиравме оваа тркалезна маса за да собереме искуства и да ги размениме нашите искуства со колегите од соседните систем-оператори и од словенечката берза за електрична енергија“,истакна Синиша Спасов, генерален директор на Мепсо. На тркалезната маса покрај Мепсо,  учествуваа  бугарскиот систем-оператор ЕСО, српскиот систем-оператор ЕМС. Своја презентација имаше и словенечката берза на струја која функционира од 2008 година „Досега над 30 отсто од конзумот за електрична енергија во Словенија се тргува на берзата. Берзата не може да влијае на тоа дали цените ќе се зголемат или намалат. Берзата создава транспарентни ценовни сигнали за сите учесници на пазарот на електрична енергија“, посочи Анже Предовник, генерален директор на словенечката берза за електрична енергија „Саут Пул“ . Либерализацијата на пазарот и берзите ќе донесат нов квалитет, поголема транспарентност , но  и избор за потрошувачите, заклучија учениците кои ги разгледуваа и моделите либерализација на пазарите на електрична енергија во повеќе земји.
Слично

Поврзани вести