Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројките за смртност на новороденчиња извадени од контекст-тврдат од ГАК

Бројките за смртност на новороденчиња извадени од контекст-тврдат од ГАК

Бројките за смртност на новороденчиња на ГАК изнесени во јавноста се вадат од контекст, одговараат од Гинеколошко-акушерската клиника.

Тренд се прави врз основа на едногодишна, петгодишна или повеќегодишна анализа и податоци, а не врз база на податоци за седум дена, истакнаа денеска на прес-конференција лекари од ГАК.

„Многу е лошо кога се вадат од контекст одредени бројки. Бројките кога се презентираат треба да бидат експлицитни врз основа на едногодишна или повеќегодишна статистичка обработка. Смртноста на бебињата е намалена на 8,5 во 2015 година, во споредба со 13% во 2013 година, рече д-р Драган Тантуровски, раководител на онколошкото одделение на Клиниката.

Тој објасни дека увид се прави врз основа на податоци од една или пет години, тренд не се прави врз основа на седум дена.

Примариус д-р Снежана Јанчевска, раководител на Одделението за интензивна неонатална нега и терапија, единствено од ваков тип во земјата, истакна дека во Одделението на секое бебе му се посветува посебно внимание, оти некогаш тоа работи и над своите капацитети.

„Работиме и со екстремно недоносени деца. Најзастапени се оние кои се под 27-ма односно под 25-та гестациска седмица, дури и 21 гестациска седмица. За жал смртноста се случува во семанаталниот период што значи во првата седмица од животот на детето што е огледало на условите во кои што се наоѓало кога било фетус односно било плод“ - додава таа.

На ГАК лани имало околу 5.800 породувања.

Слично

Поврзани вести