Бројки и апсурди на економијата: Над 126 илјади невработени не сакале да работат?!
Преполувањето на бројот на невработени, за што вчера пишуваше Фактор, Агенцијата за вработување го правда со “огромниот број на пасивни баратели на работа“.
Над 126 илјади лица кои се водеа како невработени не сакале да работат, па затоа Агенцијата ги тргнала од евиденција на невработени и ги сместила во посебна група на “други лица кои бараат работа“. Токму затоа, новата матекамика покажала дека во Македонија всушност немало ниту 100 илјади невработни.
Па така, ако на крајот на минатата година Агенцијата за вработување евидентираше над 240 илјади невработени лица, во јуни годинава, бројката ја сведе на само 96999 невработени. Од останатите кои веќе не се на овој список, дури 126 илјади лица, според тврдењата на Агенцијата, биле пасивни баратели на работа, а околу 17 илјади лица целосно се симнати од секаква евиденција. Овој податок, Агенцијата го објави вчера, откако половина година спроведуваше пререгистрација на невработените. Новата бројка до која што дојде Агенцијата за вработување е трипати помала од онаа на Државниот Завод за статистка кој регистрираше дури 284 823 невработени лица во првото тримесечје годинава.
Според прекроената евиденција, од овој драстично намален број на невработели лица, најголемиот дел се од Скопје- над 15 илјади, а потоа следуваат Тетово со околу 9 илјади и Куманово со околу 5 илјади невработени лица.
Меѓу нив има 16 доктори на науки, 744 магистри, и над 16 илјади невработени со високо образование.
Слично
