Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈКАТА РАСТЕ: Нови случаи на убоди со нож регистрирани во Скопје и Тетово

БРОЈКАТА РАСТЕ: Нови случаи на убоди со нож регистрирани во Скопје и Тетово

Во текот на вчерашниот ден се забележани три нови случаи на убоди со нож, два на подрачјето на Скопје и еден во Тетово.

Имено првиот инцидент се случил меѓу млади луѓе во близина на средното училиште „Цветан Димов“, во скопската општина Чаир, додека другиот на плоштадот „Скендербег“ во централното подрачје, каде што се прославуваше Денот на албанското знаме, информираат од МВР.

На плоштадот „Скендербег“ ноќта тешко бил повреден 20-годишник, кој како што велат од МВР, се здобил со пет силни удари нанесени со остар предмет, додека, пак, на улицата „Џон Кенеди“ кај средното училиште попладнето тешко повредени биле 26-годишниот Б.С. и 18-годишниот А.С., кои биле прободени со нож.

Додека вчера околу 16,00 часот во Тетово во поранешното Средно Медицинско Училиште, се случила тепачка помеѓу две групи малолетни лица во која со повреди се здоби 16 годишно лице на кое во тепачката му беа нанесени три убодни рани со нож.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување. По преземени интензивни мерки идентификуван е сторителот, станува збор за 15 годишен малолетник од Тетово, кој со неговиот родител вчеравечер бил повикан во ПС Тетово, разговарано е со нив, а нешто подоцна во неговиот  дом пронајден е ножот за кој се претпоставува дека го употребил во тепачката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слично

Поврзани вести