БРОЈ НА ДОГОВОРИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ: Македонија е лидер во регионот и пошироко
Европската агенција за статистика Евростат објави податоци за бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија(ЕУ), како и Европа воопшто.
Статистиката ги вклучува и земјите кои не се членки на ЕУ. На Балканот, во контекст на договорите на определено време, Македонија е на чело со 15,6 проценти од ваквите договори. Следува Србија со 15,2 проценти, а во Босна и Херцеговина(БИХ), според статистичките податоци, се регистрирани 9,6 проценти од ваквите договори.
Се покажа дека вкупниот просек во Европската Унија е 10 проценти од договорите на одредено време, а трите земји кои беа над просекот се Шпанија, Португалија и Холандија, пренесува Слободна Босна.
Статистиката покажа дека во 2024 година, 13,3 проценти од договорите на определено време се евидентирани во Шпанија, 13,5 проценти во Португалија, а Холандија е на врвот со 18,9 проценти.
Од друга страна, европските земји со најмал број на вакви договори се Латвија со 1,8 проценти, Романија со 1,5 проценти и Литванија на прво место со 1,4 проценти од договорите на определено време.
