Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бродска несреќа во Мармарис, има и жртви

Бродска несреќа во Мармарис, има и жртви

Јахта кој превезувал туристи потона во водите во близина на Мармарас на Средоземното море. Според информациите на турските власти едно лице се удавило, додека пак уште три се водат како исчезнати, од кои две се деца.

Починатото лице подоцна е утврдено дека е Али Доган Чаироглу кој е всушност сопственик на пловилото. Во јахтата се наоѓале 11 лица, а до сега се спасени осум патници.

Јахтата долга дваесетина метри потонала на 200 метри од Бозбун пристаништето.

Причината за несреќата засега не е позната, а службите за вонредни ситуации се во потрага по изчезнатите лица.

Слично

Поврзани вести