Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бродовите во Грција го пуштаат сидрото – протестираат до утре

Бродовите во Грција го пуштаат сидрото – протестираат до утре

Вработените во грчките фериботи го продолжија штрајкот. Тој ќе трае до утре. Тоа го соопштија од синдикатот на работниците во поморскиот транспорт.

Бродовите се единствениот начин да се стигне до најголемите грчки острови, на кои нема аеродроми. Штрајкувачите инсистираат да добијат гаранции дека работните места во сферата на патничките превози ќе бидат задржани.

Грчките медиуми објавија дека властите ја разгледуваат можноста да прибегнат до вонредни мерки за да се опорави нормалното движење на фериботите. Штрајкот на работниците во фериботите почна минатиот четврток.

Денес во Грција ќе се одржат и други протести. Двата главни синдикати во Грција - на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и на државните службеници АДЕДИ, повикуваат за масовно учество денес во штрајкови и протести по повод Први мај - Меѓународниот ден на трудот, соопштуваат грчките медиуми.

"Со единство и борба ги опстојуваме правичните барања се бориме  и штрајкуваме за отстранување на политиките на штедење, за да се обезбеди и да ги возобновиме работничките и социјалните права", се вели во соопштението на двете синдикални централи.

Одделен митинг закажал и синдикатот ПАМЕ на комунистичката партија.

Во цела Грција денеска се планирани бројни манифестации за одбележување на Меѓународниот ден на трудот, кои се организираат од различните работнички центри. Такви манифестации ќе има во Триполи, Каламата, Спарта, Коринт, Навплио, Патра, Пиргос, Кавала и Ксанти.

"Овогодишниот Први мај се совпаѓа со Пристигнувањето на пет години од оној страшен ден, во кој нашата земја се покажа како окована во синџирите на ропството и зависноста на тројката  (ЕУ, ЕЦБ, ММФ). Работничката класа и пензионерите буквално беа доведени до очај", се вели во соопштението на морскиот синдикат.

Слично

Поврзани вести