Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРНАБИЌ ЗА ВУЧИЌ - не се двоумеше кога објавувајќи му војна на кланот на Беливук ја стави главата во торба

БРНАБИЌ ЗА ВУЧИЌ - не се двоумеше кога објавувајќи му војна на кланот на Беливук ја стави главата во торба

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ не се двоумел кога при објавување на војна на кланот на Вељко Беливук „во торба ги ставил“ главите на своето семејство, соработници, како и својата, пренесе Бета.рс.

На прес-конференција во Белград, Брнабиќ оцени дека српската опозиција е „толку без идеи“ што нејзини извори за информации се лидерите на криминалниот клан, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои се обвинети за најтешки кривични дела.

„Мислам дека граѓаните гледаат кој лаже, а кој е во право, кој може да има врска со организираниот криминал и кој беше соработникот и најдобриот пријател уапсен денес за меѓународна корупција, и кој заработи стотици и стотици милиони евра додека беше на власт“, рече премиерката.

„Додека тие владееја со Србија, не можеа да ги гонат убијците на Славко Чурувија и Милан Пантиќ. Дарко Шариќ беше активен и не беше зад решетки. Кога беше убиен премиерот Зоран Џинѓиќ, сите докази што може да доведат до она што се случува се отстранети“. 

Душан Спасојевиќ „Шиптар“, Миле Луковиќ „Кум“ беа убиени, а улицата Шилеровала беше демолирана. Вака изгледаше борбата против криминалот во нивно време“, нагласи таа.

Брнабиќ посочи дека очекува да се гонат наводни соработници на Беливук од државните структури и додаде дека Српската напредна партија (СНС) и Вучиќ покажале „дека нема заштитени“ лица, без оглед на тоа каква функција извршуваат или каква членска книшка тие имаат.

Слично

Поврзани вести