Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ: За мене е најважно да го заштитиме животот на Вучиќ

Брнабиќ: За мене е најважно да го заштитиме животот на Вучиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ даде детали за атентатот кој му го подготвувала криминална група на српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Информацијата ја добиле писмено преку Европол. Брнабиќ вели дека ова не е прва закана, но ќе има и некои кои ќе се потсмеваат со тоа. 

„Го пишуваше името Радоје Звицер. Дека тој е на чело на криминалната група, јас не знам, се сомневам во тоа, мислам дека постои некој над Звицер. Но, тоа ќе го покаже истрагата. За мене е најважно да го спречиме атентатот и да го заштитиме животот на претседателот“, вели Брнабиќ.

Безбедноста на Вучиќ е зајакната. 

Претходно, за заканата од атентат зборуваше и српскиот министер за внатрешни, Александар Вулин, но лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ. 

Слично

Поврзани вести