БРНАБИЌ ЗА АНТИВАКСЕРИТЕ: Ако само еден човек кој размислувал дали да се вакцинира, се откажал по нивните лаги, се заразил и починал, тоа е кривично дело
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека сесијата на Кризниот штаб за борба против коронавирусот е планирана за во 16 часот денеска и дека ќе види дали е можно „да се релаксираат мерките уште малку“.
Таа за ТВ Пинк изјави дека претходно ќе има консултации со стручниот дел од персоналот.
„Ги слушам лекарите, да најдам рамнотежа уште еднаш, ќе се обидам колку што можеме повеќе да ги релаксираме мерките“, рече Брнабиќ.
Таа изјави дека Белград е лидер во вакцинацијата и дека има мал пад на инфекцијата.
Како што рече, претседателот на државата, Александар Вучиќ, ќе биде вакциниран во вторник во Рудна Глава и со тоа ќе се отвори вториот круг на вакцинација.
Премиерот на Србија изјави дека целта е 40 отсто од возрасната популација во Србија да се вакцинираат барем со првата доза до крајот на април и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат во земјава до понеделник.
Брнабиќ рече дека вечерва во Србија ќе пристигнат 57.600 дози вакцини АстраЗенека од програмата Ковакс, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини Фајзер и половина милион вакцини Синофарм.
„Долго чекавме (за системот Ковакс), но добро. Добро е што се организиравме и бевме сериозни да имаме билатерално склучени договори со производителите и да постигнеме скоро 2,5 милиони вакцини“, рече таа.
Таа изјави дека 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија.
Брнабиќ рече дека Србија донирала 20.000 од првата доза на вакцината „Спутник В“ во Северна Македонија и дека ќе испрати уште толку во таа земја за втората доза.
„Задоволна сум од процесот на имунизација во Србија и сум пресреќна и горда што Србија може да им помогне на граѓаните од регионот на кои им се потребни вакцини“, додаде таа.
Брнабиќ негираше некои обвинувања дека странски државјани биле вакцинирани со вакцини со истечен рок на траење.
Премиерот Ана Брнабиќ, по повод апсењето на одредени противници на вакцините, изјави дека луѓето не смеат да си играат со вакцинација и да шират лаги што можат да го загрозат нивото на имунизација во Србија.
„Тоа е нешто што може да ги чини живот некои граѓани. „Ако само една личност, која размислувала дали да се вакцинира, ги слушнела тие лаги, и поради нив се откажала од вакцинацијата, а потоа се заразила и починала, тоа е кривично дело“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.
Таа додаде дека тоа е исто така пар екселанс безбедносна тема.
Извор: N1
