Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ: Вложувањето во образованието овозможи развој на економијата во Србија

Брнабиќ: Вложувањето во образованието овозможи развој на економијата во Србија

Раст на економијата во Србија беше остварен благодарение на значителното вложување во трансформација на нашата економија, при што приоритет им дадовме на кучни сегменти, особено на изучување на технолошките области, па програмирањето и кодирањето ги воведовме како задолжителен передмет. Ова го посочи премиерката на соседна србија, Ана Брнабиќ на своето излагање во рамки на Самитот организиран од Македонија 2025

-  Свативме дека неопходна е трансформација на нашата економија. Од економија во инвестиции во тродовоинтензивна дејност, се ориентиравме кон економија базирана на знаење, иновации, истражување, развој и наука. Уште во 2019 донесовме клучни одлуки, кои до денес се исплатија. Програмирањето и кодирањето го воведовме како задолжителен предмет, вложивме 200 миилиони евра во тие програми, а отворивме и три научни институти во областа. Во првиот квартал годинава имаме раст од 4,3 проценти, градежништвото млаку потфрли, индиустријата  има раст од 1,3 процнети, но затоа услугите пораснаа со пет проценти, и ќе  продолжиме да инвестираме во овој сегмент. Секако, пред нас остануваат и други предизвици, ќе продолжиме да вложуваме во образование, но и да ги подобриме другите области кои се неопходни за привлекување повеќе инвеститори – посочи Брнабиќ на самитот.

На панели свое обраќање преку видео врска имаше претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој постави неколку прашања до излагачите, поточно до премиерите Ковачевски и Брнабиќ.

-  Моите прашања како претставник на бизнис заедницата кои се наметнуваат и од разговори со бизнисмените, и се поврзани со иднината на иницијативата Отворен балкан. Прашањето е дали може да сметаме на вклучување на другите земји во иницијативата, но и дали на ова се гледа како процес во кој сите би добиле, и дали како регион ќе може да придобиеме повеќе странски инвестиции отколку поединечно. Друго прашање е до каде ќе оди овој процес, дали ќе заврши со членство во унијатаили со друго регионално здружување – праша Азески и потесети на изјава на премиерката Брнабиќ дека со вклучување на сите земји во иницијативата Отворен Балкан ќе овозможи раст на БДП од шест отсто. 

Слично

Поврзани вести