Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРНАБИЌ ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА КАКО ПРЕМИЕР СО ТРИ МАНДАТИ: Денеска официјално ќе биде претставен новиот состав на српската Влада

БРНАБИЌ ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА КАКО ПРЕМИЕР СО ТРИ МАНДАТИ: Денеска официјално ќе биде претставен новиот состав на српската Влада

Новата Влада на Србија, чии членови треба да положат заклетва по денешната расправа во српскиот парламент, ќе биде 17-та по ред од воведувањето на повеќепартискиот систем во Србија во 1991 година и единаесетта по демократските промени во 2000 година.

Во последните пет влади доминираше Српската напредна партија, која секој пат ја избираше Социјалистичката партија на Србија за свој коалициски партнер, а тоа ќе биде случај и по шести пат.

Гледајќи ги претходните 13 влади, од 1991 до 2016 година, само тројца премиери имаа два последователни мандати - Мирко Марјановиќ од 1994 до 1998 година и од 1998 до 2000 година, по октомвриските промени беше Воислав Коштуница до 2008 година. Потоа Александар Вучиќ беше на чело на владата од 2014 до 2016 година и уште еднаш до 2017 година, кога беше избран за претседател на Републиката.

Ана Брнабиќ влегува во историјата како премиер во три мандати - на чело на владата беше од 2017 до 2020 година, кога по вторпат беше назначена за премиер, а денеска пред пратениците ќе го чита своето трето експозе.

Најдолго траеше првата влада на Мирко Марјановиќ и владата на Мирко Цветковиќ, предводена од Демократската партија (2008-2012), по четири години.


Слично

Поврзани вести