Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ: Србија нема да го признае Косово

Брнабиќ: Србија нема да го признае Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави за албанска телевизија дека Србија нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово и додаде дека е во тек дијалог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и тој наскоро ќе биде продолжен. 

„Не мислам дека Белград ќе го признае Косово, но има иницијатива за дијалог за подобрување на односите“, рече Брнабиќ . 

Шефот на српската влада истакна дека треба да се направи нешто за нормализирање на билатералните односи и продолжување на спроведувањето на договорот од Брисел. 

Србија направи многу за исполнување на обврските од овој договор, истото треба да направи и Приштина, особено што станува збор за текстовите од договорот кои се однесуваат на животот на српските општини во Косово, посочи Брнабиќ.

Слично

Поврзани вести