Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ: Санкции против Русија не се во интерес на Србија

Брнабиќ: Санкции против Русија не се во интерес на Србија
Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ во интервју за руските медиуми изјави дека нема да воведува санкции против Русија и дека во својот натамошен развој Србија ќе се потпира на руските знаења и дека наскоро очекува решение за српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш кој од американска страна беше посочен како шпионско легло.

- Јасно кажав дека тоа ќе биде влада на континуитет и нема да вовдуваме санкции против Русија. Ќе се обидеме да водиме избалансирана надворешна политика. ЕУ беше и останува наш стратегиски приоритет заради самите нас. Ние треба да се промениме во согласност со европските вредности, да учиме од ЕУ за финансиската, фискалната, трудовата дисциплина и етика, затоа што тоа е важно за сите граѓани на Србија. Во овој момент санкции против Русија не се во интерес за Србија, рече Брнабиќ.

Брнабиќ за статусот на српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш увери дека е на списокот на приоритети, но оцени дека ова прашање е премногу исполитизирано и за него треба да се размисли прагматично.

Таа изрази желба за соработка со Русија во сферата на технологиите, најмногу подвлекувајќи ги нанотехнологиите, во кои, според неа, оваа земја е велесила.

Слично

Поврзани вести