Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ прашува која е разликата меѓу Косово и Каталонија, од ЕК дадоа одговор

Брнабиќ прашува која е разликата меѓу Косово и Каталонија, од ЕК дадоа одговор

Српската премиерка Ана Брнабиќ од Европа ќе бара одговори која е разликата меѓу Косово и Каталонија. 

Таа најави и прашање за Брисел кое лично ќе им го постави-дали за ЕУ е важно меѓународното право или постои некое друго меѓународно право кое важи за сите држави кои не се членки на ЕУ.

„Јас патувам во Брисел порано од договорениот термин на 10 и 11 октомври и секако дека го носам нашето писмо кое ќе биде една од темите за разговор“ - вели Брнабиќ. 

Таа најави дека писмото ќе биде испратено и до сите држави кои не го признаа Косово со благодарност и укажување колку е важно што тоа не го направиле и колку постапиле исправно што верувале во меѓународното право.

Српската премиерка најави дека писмото ќе биде испратено и до државите кои го признаа Косово со прашања и очекување на одговор според кое меѓународно право го направиле тоа.

Европска комисија, која референдумот во Каталонија го прогласи за неуставен, тврди дека случајот со таа шпанска покраина и со Косово и Метохија се неспоредливи затоа што Шпанија е членка на Европска Унија.

ЕК во денешната декларација наведе дека, земајќи го предвид шпанскиот Устав, гласањето во Каталонија било нелегално.

Слично

Поврзани вести