Брнабиќ: Oсомничените за спремање атентат на Вучиќ се надвор од дофат на службите
Не е отстранета опасноста од атентат на Вучиќ, осомничените се надвор од дофат на службите, вели српската премиерка Ана Брнабиќ.
Меѓу нив има и двајца црногорски државјани, но и државјани на држави од и надвор од Европската Унија.
Брнабиќ изјави дека службите деноноќно работат на пронаоѓање на оние кои го планирале атентатот на претседателот Александар Вучиќ. Кажа дека безбедноста на Вучиќ во моментов е на максимум.
„Дали се чувствувам безбедно во овој момент и дека не постојат проблеми – не, не го чувствувам тоа. Имаме уште многу работа, не сме ја отстраниле безбедносната закана по животот на претседателот Александар Вучиќ. Верувам дека ќе го направиме тоа, но имаме да работиме уште многу, дење и ноќе“, вели таа.
Ликвидацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ требало да ја изврши платен убиец од Чеченија, кој има големо искуство на фронтовите.
Организатор на атентатот е поранешен член на криминалната група „Пинк Пантер кој има прекар „Дебелиот“ и е кум со водачот на Кавачкиот клан Радојде Звицер, пишува „Ало.рс. Хонорарот наводно изнесува еден милион долари.