Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ објасни каков бенефит ќе им донесе пругата до Македонија

Брнабиќ објасни каков бенефит ќе им донесе пругата до Македонија

Кога ќе ја имаме таа пруга, за која испреговара претседателот Вучиќ во Брисел, нема да биде чудно некој да живее во Ниш и да работи во Белград, што досега беше незамисливо, вели српската премиерка Ана Брнабиќ, која објасни зошто е важна изградбата на пругата кон Македонија. 

Кажа дека таа е важна од повеќе аспекти, економски и политички, вклучително и на продолжување на дијалогот со Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ние се подготвувавме за оваа посета исклучително долго време. Целата влада работеше на тоа, работевме многу во областа на владеењето на правото и на брифинг материјалите за навистина на едно место да собереме сè она што го сработивме“, кажа Брнабиќ.

Изградбата на брзата пруга од Белград до Ниш и понатаму до границата со Северна Македонија целосно ќе ја промени Србија. 

Со новата пруга, српските граѓани до Скопје ќе можат да стигнат за три и пол часа. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вчера по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, известил дека изградбата на проектот Ниш-Приштина ќе започне на крајот на август и дека во договор е и железничка пруга до Прешево.

Слично

Поврзани вести