БРНАБИЌ: Нема да правиме разлики меѓу вакцинираните и невакцинираните, бидејќи се уште не се вакцинирани сите што тоа го сакаат
Денес, по седницата на Кризниот штаб, премиерката на Србија Ана Брнабиќ коментираше дали истите правила треба да важат за вакцинираните и невакцинираните.
„Денес не разговаравме за тоа, но тоа е една од темите во кризниот штаб. Ние се обидуваме да балансираме, да не правиме разлика помеѓу вакцинирани и невакцинирани, да не правиме дискриминација на лица кои не биле вакцинирани, пред се затоа што сè уште не обезбедивме вакцини за сите што сакаат да се вакцинираат. Во моментов, во Србија имаме повеќе вакцини од оние регистрирани за вакцинација, но има многу луѓе кои не се регистрирани, а сакаат да бидат вакцинирани. Кога ќе го погледнеме сето тоа, не можеме да воведеме такви мерки доколку не се обезбедат толку многу вакцини, за да знаете дека има доволнпо вакцини за сите што сакаат да бидат вакцинирани“, рече Брнабиќ.
Брнабиќ исто така посочи дека има многу граѓани кои не можат да се вакцинираат поради одредени здравствени причини.
„Затоа апелирам до сите луѓе кои можат да се вакцинираат да аплицираат за вакцинација, бидејќи со тоа не штитиме луѓе кои не можат да се вакцинираат. Затоа сметам дека вакцинацијата е граѓанска должност и обврска, но не знам дали ќе се случи во иднина, но во овој момент не се исполнети условите за воведување вакви мерки“, рече премиерката на Србија.
