Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ и српските министри ги откажаа сите состаноци и средби

Брнабиќ и српските министри ги откажаа сите состаноци и средби

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово имаше состанок со шефовите и командантите на војската и полицијата и специјалните сили, а одржана е и седница на српската Влада, поради која премиерката Ана Брнабиќ и министрите ги откажаа сите најавени состаноци и средби, по тензиите на Косово.

Вучиќ имал средба со рускиот и кинескиот амбасадор, а тие му дале до знаење дека ќе ги информираат своите претпоставени. Денеска имаше телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за ситуацијата во Косово.

Тие се согласиле дека треба да бидат сочувани мирот и стабилноста. Вучиќ оцени дека Србија секогаш се однесува сериозно и одговорно, посочувајќи ги провокациите од Приштина како закана за безбедноста на Србите во Косово.



Слично

Поврзани вести