БРКОТНИЦА СО СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА: Тетовец запрен извадил пиштол и побегнал
Полицијата трага по засега неидентификувано лице кое по бркотница со сообраќајната патрола откако било запрено возилото извадило пиштол, и без да го употреби побегнало во непознат правец, информираа во саботата од тетовската полиција.
Инцидентот се случил околу 17,35 часот во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ од страна на полициска партија во Тетово на автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки му било дадено знак да застане, при што тоа не застанало туку продолжило кон Касарната Тетово. Од страна на патролата подоцна возилото било сопрено, при што од совозачката страна излегло едно непознато лице и од торбичка која ја носел на појасот, извадил пиштол и веднаш со трчање го напуштил местото на настанот.
Од страна на полициските службеници возачот на возилото бил легитимиран и утврдено било дека се работи за 29-годишниот А.Б. од селото Мерово. Тој е приведен и предаден за натамошна постапка. СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на другото лице и се работи на целосно расчистување на случајот.
