Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бркањето на новинарите од Парламентот ја прелеа чашата, ЗНМ ги прекинува разговорите со власта

Бркањето на новинарите од Парламентот ја прелеа чашата, ЗНМ ги прекинува разговорите со власта
Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува денешниот инцидент во Собранието каде на насилен начин новинарите беа исфрлени од галеријата од каде ги следат пленарните седници.  Со тоа грубо е прекршен Уставот кој ја гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите, стои во реакцијата на ЗНМ, по повод денешните случувања во Парламентот. „Наредбодавачите на овој срамен чин ја официјализираа цензурата и одлучија што смеат,  а што не смеат да следат новинарите. Новинарите насилно избркани со ништо не ја предизвикаа оваа реакција на обезбедувањето, а ниту постоеше правен основ за нивно отстранување. Бевме отстранети за да не бидеме сведоци на отстранувањето на пратениците од опозицијата  од салата за седници. Ова е преседан кој не смее да помине неказнето,“ велат од ЗНМ. Поради тоа, Управниот одбор на ЗНМ соопшти дека ги прекинува разговорите со Владата се додека не се врати уставниот поредок во Македонија, односно, како што велат, се додека извршителите и наредбодавачите на ова срамно однесување не бидат откриени и казнети согласно законот. Од ЗНМ порачуваат дека ќе ги искористат сите правни механизми за да ја заштитат слободата на изразувањето и слободата на медиумите, а исто така ќе ја алармираат и целата домашна и странска јавност за случувањата во Собранието.
Слично

Поврзани вести