Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британски пратеник тврди дека Русите сакаат да создадат проблеми на Балканот

Британски пратеник тврди дека Русите сакаат да создадат проблеми на Балканот

Русите сакаат да направат проблем во регионот, вели Стјуарт Пич, британскиот прaтеник за Западен Балкан. Вели дека многу работи се промениле по рускиот напад на Украина.

Специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, денеска, во Будва, каде што се одржува самит за демократијата во Југоисточна Европа, изјави дека никој не може да биде мирен додека, како што рече, Русите ја окупираат Украина.

„Велика Британија стои покрај вас. Мора да бидеме похрабри, да ги живееме вредностите, да не зборуваме за нив. Никој не може да биде мирен додека Русите ја окупираат Украина“, изјави Пич, а пренесуваат црногорските медиуми.

Вели дека војната во Украина потсетува на важноста за колективна безбедност, како и владеењето на правото.

„Знаеме дека Русите сакаат да создадат проблеми во регионот. Но, Биртанија е со вас на вашето патување“, изјави Пич, а пренесе порталот РТЦГ.

Специјалниот пратеник на Европска Унија за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак денеска истакна дека војната во Украина го врати процесот на проширување на политичка агенда и дека тоа е можност за земјите од Западен Балкан.

Слично

Поврзани вести