Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британската компанија „Ендава“ влегува во Македонија

Британската компанија „Ендава“ влегува во Македонија
Компанијата за информатичка технологија „Ендава“, една од најбрзо растечките компании во Европа, го најави својот влез во Македонија. Британската компанија во земјава ќе произведува софтвер за големи фирми, а во првите 3-4 години во земјава има намера да вработи околу 450 луѓе, пред се ИТ инжинери. Инвестицијата на „Ендава“ во Македонија ќе изнесува два милиони евра, најави извршниот директор на компанијата Џон Которел, кој во Скопје се сретна со премиерот Никола Груевски и со претставници на економскиот тим во македонската Влада. „Од 40 градови во Европа го избравме Скопје затоа што постои брз раст на ИТ секторот, забрзаниот економски раст и високообразованиот кадар”, рече Которел. По првичната инвестиција во главниот град, компанијата има намера да отвори центри и во Штип и во Тетово. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида вели дека компанијата веќе почнала со едуцирање на првиот тим на ИТ инженери. Седиштето на „Ендава“ е во Лондон, а компанијата има канцеларии и во Њујорк, Франкфурт. Атланта, Глазгов и Оксфорд. Оваа фирма во моментов вработува вкупно околу 1.500 луѓе.
Слично

Поврзани вести