Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британската фунта трпи турбуленции поради политичките случувања?

Британската фунта трпи турбуленции поради политичките случувања?

Британската фунта и денеска продолжува да паѓа поради стравувањата дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе има голем број тешкотии.

Курсот на фунтата во однос на доларот попладне се намали за 0,75% до 1,2654 долар за фунта при 1,2749 долари во крајот на вчерашната сесија. Во текот на денешната трговија, вредноста на британската валута се намали и до 1,2622 долари за една фунта. Овие нивоа се најниски во курсот на фунтата кон американскиот долар по повеќе од триесет години.

Американскиот долар зајакнува во однос на главните светски валути денеска, очекувајќи скорешно зголемување на каматните стапки од Федералните резерви.

Бројот на примарните молби за помош при невработеност во САД минатата недела се намали до 249.000 и се надминуваат само со илјада.

Просечниот број барања за последните 4 недели е намален до 253,5 илјади – најниско ниво за последните три децении, што зборува за стабилен развој на пазарот на трудот.

Учесниците на девизниот пазар ја проценуваат веројатноста ФЕД да ја подигне каматата во ноември на 24%, а во декември – на 62%.

Еврото се намали во однос на доларот до ниво 1,1186 долари наспроти 1,1205 долари при затворањето на вчерашната трговија.

Курсот на доларот кон јапонската валута се искачи на 103,95 јени при 103,5 јени за долар пред тоа. Доларот расте во однос на јенот веќе осма сесија по ред, што не е забележано од 2014 година наваму.

Падот на фунтата го поттикна растот на главниот индекс на Лондонската берза FTSE 100, кој порасна над 7.000 поени во првите тансакции во текот на денот, што е прв таков раст од јуни минатата година.

Индексот на Лондонската берза расте затоа што се очекува дека падот на вредноста на фунтата ќе претставува голем поттик на големите британски компании чии акции се вклучени во FTSE 100. Тие генерално се извозно ориентирани и најголем дел од приходите и профитот ги остваруваат во странство.

Фунтата по Брегзит трпи големи турбуленции. 



Слично

Поврзани вести