Британската амбасада бара целосна истрага за прислушуваните снимки
Британската амбасада во Скопје денеска побара транспарентна истрага за наводите кои произлегоа од прислушуваните разговори за кои велат дека се обемни и многу сериозни.
„Истрага мора да има, а за неа ќе биде надлежен специјалниот обвинител договорен од сите страни потписнички на договорот од Пржино“, порача Амбасадорот Гарет.
Судот ги отфрли доказите за прислушувањето како неосновани
Пред три дена Основниот суд Скопје еден ги отфрли како неосновани сите докази во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица затоа што, според судот, доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага
Наводно медиумите пишуваа дека ваквата одлука судот ја донел по барањето на адвокатот на наведените од предметот од предистражна постапка да биде ставен во истрага, согласно члнот 93 од Законот за кривична постапка и членот 12 од ЗКП.
Основниот суд 1 побарал од ЈО да даде докази во прилог на снимките кој и како го вршел прислушувањето на што Обвинителствотот одговорило негативно.
Инаку специјалниот обвинител треба да биде назначен до 15 септември и рокот мора да се почитува.
Обвинителите поднесоа 21 жалба против судската одлука за прислушуваните разговори
Обвинителите од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесоа 21 жалба против одлуката на судот, со која се отфрлаат сите докази од аудиоснимките како неважечки, бидејќи биле незаконски прибавени. Рокот за поднесување жалби пред судот истекува вечерва, а до полноќ можно е да има жалби за сите 27 предмети. За адвокатскио тим на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, е нејасно зошто судот донел ваква одлука кога е неопходно специјалниот јавен обвинител да го решава овој предмет. Сега, откако судот ќе ги разгледа жалбите тие ќе одат на Апелацискиот суд кој ќе одлучи дали ќе ги прифати или не.