Британска мафија шверцала мигранти преку Ламанш
Од Би-Би-Си јавуваат дека британска мафаја во северна Франција има организирано цел канал за шверцање на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка до Велика Британија. Тие ги превезуваат мигрантите преку каналот Ламанш.
Еден од мигрантите за Би-Би-Си изјавил дека потрошил 15.000 фунти за да стигне до Велика Британија - 12.000 фунти за патување до Франција и уште 3.000 за илегално да го премине Ламанш. Тој рекол и дека шверцерите носат оружје и го употребуваат врз бегалците кои не ги прифаќаат нивните услови.
Инаку, градоначалникот на францускиот град Тетегем, Франк Дерен, вели дека шверцерите на мигранти дејствуваат во близина на францускиот град Дeнкерк, каде има бегалски камп, а мигрантите се превезуваат во камиони. Тој тврди дека мигрантите на британска територија влегуваат со возила со британски регистерски таблички.
