Британска компанија најавува инвестиции во Македонија и 350 вработувања
Британската ЕУРО БПО, компанија која се занимава со аутсорсинг на бизнис процеси за клиенти во Велика Британија, но и во целиот свет, објави намера да инвестира во проширување на својот бизнис во Македонија.
Компанијата ќе отвори своја втора канцеларија во земјава, во која има намера да отвори 350 нови работни места. „Компанијата веќе има канцеларија во Скопје и сега се прошируваат со уште една канцеларија во Скопје. Во иднина планираат да отворат и канцеларии во други градови во Македонија“, вели директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида.
Почетната инвестиција на ЕУРО БПО во Македонија е 250.000 фунти, со намера во иднина да се зголемува. Според најавите компанијата во земјава има намера да ангажира кадар од различни профили - економисти, менаџери, сметководители и компјутерски инженери.
Квалитетниот кадар, соодветен на нивните потреби, бил една од најважните причини заради кои британските бизнисмени одлучиле да инвестираат во Македонија.
Слично
