Британија со 2 милијарди фунти ќе спречува странски преземања на фирми
Британската влада планира да вложи 400 милиони фунти во новите стартап фирми кои имаат огромен потенцијал за раст и на тој начин смета дека ќе спречи големите гиганти како Google, Facebook, Microsoft и останатите да ги преземат и да завршат во раце на странски сопственици.
Филип Хамонд, министерот за финансии, откри дека средствата кои планира да ги вложи британската влада ќе се делат преку Британската бизнис банка, а вети и дополнителни 2 милијарди фунти за инвестирање во клучни области како вештачка интелегенција, роботика и автономни возила.

На овој начин Британија ќе си обезбеди квалитетен развој на технологии, иновации и креативни решенија од своите млади и напредни кадри на кои најчесто им недостасуваат поголеми финансии за да ја развијат својата идеја во глобален бизнис.
