Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија се подготвува за излегување на Грција од еврозоната

Британија се подготвува за излегување на Грција од еврозоната

Британскиот премиер Дејвид Камерон претседаваше на состанокот со британските претставници за можно излегување на Грција од еврозоната, соопшти портпаролот на овој премиер. На состанокот присуствуваа британските министри за финансии и претставници на Англиската Банка.

Портпаролот на Камерон пред новинарите изјавил дека постои ризик по финансискиот пазар и затоа треба „да бидат подготвени“.

-Владата во текот на 2012 година презеде сеопфатно планирање, во време кога постоеја притисоци на еврозоната во врска со Грција. Имајќи предвид дека сега постои нова грчка влада, сметаме дека е вистински момент тоа повторно да се преиспита - рекол портпаролот.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн во неделата изјави дека Британија работи на овој план и дека спорот помеѓу Грција и еврозоната го зголемува ризикот за британската економија.

Слично

Поврзани вести