Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНИЈА: Нафтата ја забави инфлацијата!

БРИТАНИЈА: Нафтата ја забави инфлацијата!

Инфлацијата во Британија се забави во декември поради падот на цената на нафтата на најниското ниво од 0,5 одсто, соопштува денеска Заводот за статистика во Лондон.

Иако инфлацијата значајно се спуштила под целното ниво на Англиската Банка, некои економисти веруваат дека нејзиниот пад е добра вест за британската економија, пренесува агенцијата АП.

 „Падот на цената на нафтата би требало значајно да ја зголеми куповната моќ на домаќинствата“, наведува Пол Холингсворт од компанијата Капитал економикс.

Долготрајниот пад на потрошувачките цени може да биде проблематичен, бидејќи ги охрабрува купувачите да го одложат купувањето во очекување цените додатно да паднат. Еврозоната во моментот се соочува со тој ризик, Европската централна банка ги разгледува мерките за стимулација на економиката, нагласува АП.

Холингсворт верува дека инфлацијата во Британија по своја прилика ќе продолжи да паѓа. Стапката на инфлација во Британија последен пат изнесуваше 0,5 одсто во мај 2000.

Слично

Поврзани вести