Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија ќе изгуби 1 000 000 работни места при излегување од ЕУ

Британија ќе изгуби 1 000 000 работни места при излегување од ЕУ

Евентуално напуштање на Европската унија ќе биде „сериозен шок“ за економијата на Велика Британија. Островот ризикува затворање на речиси 1 милион работни места и 100 милијарди фунти загуби за економијата, што е еднакво на 5% од годишниот бруто домашен производ. Тоа го покажува анализата на бизнис групата „CBI“ (Конфендерација на британската индустрија).

„Анализата покажува многу јасно зошто излегувањето од Европската унија ќе биде голем удар за животниот стандард, работните места и економскиот раст“, изјави генералниот директор на конфедерацијата Карлајн Фербарн. ѐѐ2Во најдобар случај тоа ќе предизвика сериозен шок за економијата на Велика Британија“, додава таа. Така наречен „Брекзит“ (Brexit) ќе значи губење на 950 000 работни места, со што невработеноста во 2020г. ќе е со помеѓу 2 и 3% повисока отколку ако земјата остане во ЕУ.

Oрганизацията „Vote Leave“ (Гласај за излез), која ги повикува Британците да гласаат за излез од ЕУ на референдумот на крајот на јуни, ги негираше заклучоците од истражувањето.

Резултатите од него се искривени, а напуштањето на Унијата е единствената сигурна опција пред граѓаните, изјави директорот на „Vote Leave“ Метју Елиот за „BBC“.

Анкетата е закажана за 23 јуни. Прелиминарните студии покажуваат дека противниците и поддржувачите на ЕУ се речиси еднаков број и клучни за гласањето ќе се овие 20% од населението, кои сеуште не се одлучиле.

Слично

Поврзани вести