Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија ги губи милијардерите-Што е причината?

Британија ги губи милијардерите-Што е причината?

Бројот на милијардери кои живеат и работат во Обединетото Кралство значајно паднал откако граѓаните на таа земја неодамна одлучија да ја напуштат Европската унија.

Од дотогашните 130 милијардери, 24 од нив веќе не се на престижниот список. Главна причина за пад на бројот на милијардери, е падот на вредноста на фунтата кој следеше веднаш по резултатот од референдумот.

Вкупното богатство на британски милијардери со кратаењето на списокот паднало на 226 милијарди фунти, од дотогашните 303 милијарди фунти. Пренесено во евра, се работи за пад на 266 милијарди од 356 милијарди.

Вкупниот број на милијардери на светот е 2473, додека нивното вкупно богатство е 6,9 билиони евра.

Потсетуваме, на референдумот од 23 јуни оваа година 52 отсто од гласачите кои излегоа на бирачките места одлучиле дека Обединетото Кралство не треба да биде земја членка на Европската унија.

Слично

Поврзани вести