Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бришење на долговите на околу 60 илјади Хрвати

Бришење на долговите на околу 60 илјади Хрвати
Хрватска стартува со бришење на долговите на најсиромашните жители. Од денеска стартува проектот кој треба да опфати околу 60 илјади најсиромашни Хрвати чии долгови ќе се избришат како дел од мерките кои треба да дадат позитивен ефект врз економијата. Според британскиот весник „Телеграф“, се очекува да бидат избршани околу 2,1 милијарди куни, односно, околу 20 милиони фунти долги кон банки, телекомуникациски оператори, и други претпријатија за комунални услуги согласно постигнат договор со хрватската влада. На ниту една компанија нема да и се надомести загубата. Одлуката за бришење на долговите е донесена на 15 јануари. Услови за бришење на долгот е граѓанинот да нема никакви заштеди или имот на сопствено име, долгот да е помал од околу 4,500 евра, а месечниот приход помал од 122 евра. Се очекува бришењето на долговите да им овозможи пристап до банкарстите сметки на околу 20 отсто од вкупно 317 илјади Хрвати чии сметките поради долгови беа блокирани во јули минатата година.
Слично

Поврзани вести