Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бриселска потврда на договорот од „Пржино“ или вовед во подлабока политичка криза

Бриселска потврда на договорот од „Пржино“ или вовед во подлабока политичка криза
Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев на СДСМ, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА се веќе во Брисел. Речиси сите заминаа без најави дека е можен договор, освен дека ќе се обидат да изнајдат решение. Во Брисел денеска започнува нова рунда преговори, повеќе од веројатно е дека ќе биде маратноска. Прашањето е дали ќе се дојде до договор кој ќе ја извади Македонија од политичката криза? Домаќин овој пат ќе биде еврокомесарот Јоханес Хан, во Брисел заминаа и амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли.  Преодна влада без премиерот Никола Груевски во неа е единственото можно решение на денешните преговори, порача пред заминувањето во Брисел, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој вчера потврди дека оди во Брисел на преговори, откако најави дека ги прекинува сите разговори поради како што изјави пристрасност на еврокомесарот Хан. Заев очекува фер однос од Хан и разговори единствено за прашањето која влада ќе ги организира изборите. Во тимот на Заев се и неговата заменичка Радмила Шеќеринска и Рената Дескоска. Според агендата, денешниот состанок стартува со заедничка средба на четворицата лидери со еврокомесарот Хан и амбасадорите Бејли и Орав  Сепак, доброупатени извори тврдат дека е можно во Брисел на разговорите да се појават и Питер Фејт или Ален ле Роа или Хојт Ји. „Клучен аргумент кој го имаме е извештајот на ОБСЕ за последните избори, секако овде се и аудо разговорите кои веќе ги презентираме преку проектот Вистината за Македонија, а кои граѓаните ги знаеа и претходно. Ако се обидеме денеска на преговорите во Брисел нешто да излажеме или да турнеме под маса тоа ќе биде препознаено, а на крајот нема да ја постигнеме таа цел. Предвремени избори се веќе добиени, сега се разговара за видот на Владата која ќе ги организира истите“, изјави за Фактор, лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред заминувањето за Брисел. Во Брисел, вчера пристигна и делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, предводена од премиерот Никола Груевски, а во неа се и Мартин Протуѓер и Никола Поповски. Што се договара во Брисел Според информациите,  заедничката средба на четворицата лидери започнува околу 11 часот и 30 минути. До кога ќе траат разговорите никој не знае. Според најавите засега сите стојат цврсто на своите позиции. Речиси извесно е дека оваа Влада нема да ги организира веќе закажаните предвремени парламентарни избори во април 2016 година. Затоа, според извори на Фактор во белгиската престолнина ќе се договара формата на преодната влада за „транзицискиот период“ формулиран од еврокомесарот Хан за време на преговорите во скопско Пржино. За поглавјата 23 и 24 кои Хан ги потенцираше ќе се разговара откако ќе се договори костурот на владата за „транзицискиот период“. Доколку се постигне договор, тогаш во парламентот влегуваат и пратениците на СДСМ кои ќе трба да гласаат за нова Влада. Политички меч на неутрален терен Македонската јавност, па и пошироко со нетрпение го очекува епилогот од денешниот состанок во Брисел, во меѓувреме политичките аналитичари во земјава не очекуваат дека лидерската четворка ќе постигне договор. Барањето за преодна влада без Никола Груевски во неа и натаму е прашање за кое постојат големи разлики. Дипломати за Фактор, кои инсистираа на нонимност велат дека преговорите ќе бидат крајно неизвесни, а за нивниот исход ќе биде решавачка посредничката улога на ЕУ. М.И.
Слично

Поврзани вести