Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел: Жозеф Дол го притисна Груевски за побрзо решавање на кризата

Брисел: Жозеф Дол го притисна Груевски за побрзо решавање на кризата

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска беше примен во Брисел од Жозеф Дол, лидерот на Европската народна партија (ЕПП), најголемата партија во Европарламентот.

Жозеф Дол ја изразил поддршката на ЕПП на патот на Македонија за европска интеграција и нејзиното влегување во ЕУ и НАТО.

Премиерот Груевски по средбата изјави дека го информирал за политичката криза во земјата. Лидерот на ЕПП инсистирал кризата да биде решена што побрзо и Македонија да го продолжи својот пат кон интеграцијата во ЕУ.

Премиерот е во Брисел на чело на голема владина делегација која ќе учествува во преговорите на Еврокомисијата со премиерите од уште 5 западнобалкански земји - Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина).

На преговорите ќе се разговара инфраструктурни и други проекти за земјите од Западен Балкан.

Слично

Поврзани вести