БРИСЕЛ ЖАЛИ што пропадна обидот за спас на кризата и Пржино!
Обидот во Брисел да се реши политичката криза во Македонија пропадна, соопштија од Европската комисија.
Состанокот со лидерите на главните политички партии требаше да го организира европскиот комесар за соседна политика Јоханес Хан.
Портпаролката на еврокомесaрот за прoширување Маја Коцијанчиќ искажа жалење во изјава за МИА.
„Ние постојано повторуваме дека пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме за какви било ретроградни чекори во Скопје што ќе ја одведат земјата подалеку од нејзините аспирации за пристапување во Европската унија“, вели во изјавата Коцијанчич.
Таа нагласува дека Европската комисија останува на располагање да им помогне на партиите сега и во иднина, но додава дека одговорноста за обезбедување на демократскиот процес и постигнување напредок на евроатлантскиот пат останува на самите политички партии, а во интерес на граѓаните на нивната земја. „Тие мора да испорачаат резултати“, вели Коцијанчич и најави дека за кусо време ќе следи изјава со повеќе детали за ставот на ЕК во однос на откажувањето на лидерската средба.Долготрајната криза во Македонија се продлабочи минатата недела откако претседателот Ѓорге Иванов помилува 56 функционери поврзани со скандалот „прислушување“ што наиде на остри протести во земјата и странство.
Опозицискиот лидер Зоран Заев рече дека нема да учествува во разговорите доколку Иванов не ја поништи одлуката за амнестија и не ги одложи изборите закажани за 5 јуни.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го потврдија учеството, додека албанската ДПА рече дека не знае дали нивна делегација ќе патува во Виена.
Протестите и вечерва продолжуваат Закажан е и контра протест пред Собранието.
