БРИСЕЛ – ВАШИНГТОН: Различни концепти за решавање на македонската криза!
Меѓународниот олеснувач Питер Ван Хауте добил насоки од Вашингтон и Брисел да ги интензивира преговорите со работните групи и во што е можно пократок рок да бидат затворени сите точки од Договорот од Пржино. Во меѓувреме, се разгледуваат нови можни термини за одржување на предвремените избори кој првично требаше да се одржат на 24 април.
Средината на јуни или во текот септември се месеци кои според неофицијални информавии се разгледуваат. Неофицијално дознавме дека во однос на датумот за одржување на изборите постоеле разлики и помеѓу меѓународните посредници. За Вашингтон избори не треба да има колку да се каже дека тие се одржале, додека Брисел ја заговара тезата дека кога ќе се постави одреден рок тој мора да се испочитува. Новиот датум најверојатно ќе биде познат во текот на оваа недела .
„Овој пат не смее да се остави простор за СДСМ да има алиби да ги бојкотира изборите. Токму затоа треба се направи точна проценка колку време ќе биде потребно да се обезбедат потребните услови за спроведување на изборите“, велат извори за Фактор. Неофицијални информации говорат дека за ДУИ и ДПА сите термини кои ќе бидат предложени тие ќе ги прифатат вклучувајќи и 5 јуни, датум кој неофицијално го заговара ВМРО ДПНЕ. Владејачката партија во јуни би одела на избори дури и по цена опозцијата да го повика своето членство на апстиненција. Сепак, меѓународната заедница ќе инсистира на термин кој ќе биде прифатлив за четирите партии, но откако претходно ќе биде констатирано дека се обезбедени сите услови за одржување на фер, демократски и регуларни избори .
Слично
