Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел со вперени очи кон Македонија, Вајгл порача договорот да се имплементира!

Брисел со вперени очи кон Македонија, Вајгл порача договорот да се имплементира!

Евроизвестувачот во Европскиот парламент Иво Вајгл денеска е во Скопје каде одржува одделни средби со политичките лидери.

Тој на средбата со опозицискиот лидер Заев која заврши пред малку констатирал дека доколку договорните страни не го почитуваат и имплементираат Договорот од Пржино земјата би можела се врати  на почеток на политичката криза.

-Договорот од 2 јуни / 15 јули мора да биде спроведен, не смее да биде доведувана во прашање имлементацијата на договореното, е пораката на известувачот Вајгл.

Тој ги поздравил заложбите на СДСМ за реализација на договореното во Пржино и за запазување на предвидените рокови за усогласување напоменувајќи дека Брисел со внимание следи што се случува во земјава, во овие моменти кога се работи на Извештајот за Македонија.

Вајгл истакна дека очекуваат кредибилен, демократски и транспаренен изборен процес во Македонија.

Утрово, европратеникот се сретнал со Ивон Величковски претседателот на Либералната партија на која средба се разговорало за имплементацијата на Договорот од Пржино, а следат средби и со други политички претставници.

Слично

Поврзани вести