Брисел со проект за нов орган за безбедност на надворешните граници на Унијата
Брисел ќе предложи создавање на постојана европска гранична сила која ќе ја преземе контролата на надворешните граници на блокот - дури и ако Владата на конкретна земја се спротивстави на тоа, приенесува Financial Times (FT).
Проектот можеби ќе претставува најголем трансфер на суверенитетот од создавање на единствена валута наваму.
Поради кризата, при која 1,2 милиони мигранти достигнаа во Европа за една година, следната недела Европската комисија (ЕК) ќе го претстави планови за замена на агенцијата за гранична контрола Frontex со постојана гранична и крајбрежна стража - распоредување по финално решение на комисијата , тврдат претставници на ЕУ и документи, видени од FT.
Проектот претставува последен обид за спасување на зоната за слободно движење Шенген, претставувајќи го типот стража на заедничката граница, постојано баран од Париз и Берлин. Велика Британија и Ирска имаат можност за неучество (opt-оut) од миграциската политика на ЕУ и не се обврзани да бидат дел од шемата.
Европските водачи разговараа за заедничка гранична сила од пред 15 години, но секогаш се среќавале со тешкотии при надминувањето на длабоките приговори кои бара пренесување на национални овластувања за надзор и чувари на границата - една од функциите на секоја суверена држава. Грција, на пример, неодамна се согласи да го прифати предлогот на ЕУ за распоредување на гранични тимови по месеци спорејќи за нивните надлежности.
Системските слабости на договорот за Шенген излегоа на виделина при масовниот прилив на бегалци оваа година, од кои многу влегоа нерегистрирани во ЕУ преку Грција и Италија. Стравувањата се засилија по терористичките напади во Париз минатиот месец, кога стана јасно дека некои од напаѓачите дошле во Европа од Сирија во Грција.
Еден од најконтроверзните елементи на регулациите ќе и обезбеди на комисијата моќ да го одобрува распоредувањето на сили долж границата по препорака на Управниот одбор на новоформираната Европска гранична и крајбрежна стража. Ова ќе важи и за земјите надвор од ЕУ, но дел од Шенгенот, како Норвешка. Иако ќе има консултации со земјите-членки, тие нема да имаат еднострано право на вето врз распоредувањето на силите.
Димитрис Аврамопулос, одговорен за миграциската политика на ЕУ, вели: "бегалската криза ги покажа ограничувањата на сегашната агенција за гранична контрола на ЕУ Frontex при ефикасното решавање и надминување на ситуацијата создадена од притисокот на надворешните граници на Европа". Според него новата служба ќе биде начин "да го заштитиме и зајакнеме Шенгенот".
Официјалните претставници велат дека предлозите се легални според договорот за ЕУ, кој дозволува "постепено воведување на интегриран систем за управување со надворешните граници" - форма на изразување, која според некои дипломати исклучува целосна централизација на граничните сили.
Frontex, граничната агенција на ЕУ, која ќе биде заменета од новиот орган за безбедност на границите, е дополнително отежната во активностите од мандатот кој и дозволува само да ја "координира" заштитата на границите, а не сама да ги зајакнува.
Овие ограничувања станаа очигледни во текот на миграциската криза. Агенцијата со седиште во Варшава нема право да ја купува сопствената опрема, ниту директно да располага со својата гранична полиција. Таа се потпира на ветувањата на земјите членки, кои често не се материјализираат.
Освен тоа Агенцијата нема мандат за спроведување на мисии за потрага и спасување, што сериозно ги отежнуваа напорите за поддршка на бегалците по Медитеранот претходно оваа година.
Ако проектот биде одобрен од земјите членки на ЕУ, органот на местото на Frontex ќе има голем број на нови овластувања, вклучувајќи можност за вработување и контрола на сопствените гранични сили и за купување на сопствената опрема. Ако биде побарано од него, тој ќе може да оперира и во земји надвор од ЕУ - како Србија и Македонија, кои се претворија во транзитни земји за луѓето кои се обидуваат да стигнат до Северна Европа.
Новата агенција ќе може да депортира луѓе кои немаат право да останат во Европа - овластување кое Frontex го нема.
Таа ќе може да повикува и гранични службеници во парк на поединечните земји членки, како и сопствена безбедност. Ако биде одобрена, новата гранична сила ќе се покорува на националните закони на земјата во која оперира.
Главните градови ќе ја задржат секојдневната контрола на границите, но новата агенција ќе може да ги надгледува нивните напори и да се меша, ако смета дека одбраната не е доволно адекватна.
