Брисел со порака до македонските политичари – Спасете го бродот што тоне!
Брисел е длабоко загрижен од влошувањето на состојбите во Македонија, особено во областа на владеењето на правото и почитувањето на законите и лошата слика во медиумскиот простор, кои преставуваат јадро на демократските вредности на ЕУ . Во заклучоците на Советот на ЕУ усвоени синоќа се апелира политичките субјекти да работат на брзо решавање проблемите.
„ Ги повикува главните политички чинители да се однесуваат одговорно и итно да превземат мерки кои треба да бидат насочени кон одржливо решение, конструктивно да се вклучат за рестартирање на политичкиот дијалог и враќање на довербата во институциите со соодветни политички чекори. Сите тврдења треба да се испита од страна на надлежните органи, вклучувајќи ги и оние наводите на потенцијални злоупотреби се прават јавно, со целосна почит за соодветен процес, принципот на независност и пресумпцијата на невиност се наведува во заклучоците на Европскиот совет.
Унијата се надевам дека олеснувачката мисија на тројката Европратенци во разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе помогне во надимнувањето на јазот, меѓутоа според нив, за да има позитивен исход неопходно е главните владини и опозициски партии максимално да се фокусираат на решавање на актулената политичка криза.
Во наредните денови се очекува во Брисел да се одржи трета рунда преговрои меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со медијаторство на Европската тројка . Јоханес Хан, Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори синоќа порача дека политичката криза во Македонија мора да има две димензии, односно правна и политичка разрешница. Дипломатски извори брифираат дека во ситуација на политичкити тензии во Макеоднија сега повеќе доминира прашањето од можно губење на препоракта за почетокот на преговори отколку когоа би можело ЕУ да даде зелено светло за старт на пристапниот дијалог за членство.
