Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел – првата посета на Иванов во новиот мандат

Брисел – првата посета на Иванов во новиот мандат
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој од вчера го започна вториот мандат на претседателската функција, в четврток престојува во посета на Брисел. Ова е прва посета на Иванов по неговиот реизбор на функцијата. Според информациите од европските институции, Иванов во Брисел е предвидено да се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Средбата со Ван Ромпуј е закажана за подоцна во попладневните часови во четврток, а потоа се закажани и изјави за медиумите. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо испрати честитка со која му го честиташе новиот мандат на Иванов, но и го потсети за обврските кои стојат пред Македонија. „Како земја – кандидат постигнавте многу на планот на интеграцијата во Европската унија. Преостануваат важни предизвици и потребно е спроведување на натамошни реформи. Од суштинско значење е градење на довербата меѓу граѓаните во демократските процеси. Добрососедските односи, вклучувајќи ги и преговорите за заеднички прифатливо решение за спорот со името, остануваат од суштинско значење. Ви посакувам успеси како Претседател во справување со предизвиците и исполнување на европските аспирации на Вашата земја, а во интерес на сите граѓани“, стои во писмото од Баросо, што го објави Кабинетот на Иванов. Честитки за реизборот на македонскиот претседател испратија и други светски лидери. Путин и Баросо му честитаа на Иванов на изборот за претседател
Слично

Поврзани вести