Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел против затворање на границите на Балканот, 10 милиони евра за Македонија за бегалската криза!

Брисел против затворање на границите на Балканот, 10 милиони евра за Македонија за бегалската криза!

Затворањето на границите не е решение на бегалската криза, изјави портпаролот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Беше побарано од него да  јакоментира тековната средба денеска во Прага на земјите од Вишеградската група, на која се поканети и Бугарија и Македонија на која се дискутира унгарската идеја за изградба на втор заштитен ѕид против бегалците по бугарската и македонската граница.

„Не сметаме дека затворањето на границите е одговорот. Го преферираме управувањето со границите“, коментира портпаролот, нагласувајќи дека сите одлуки треба да се земат со учеството на Грција.

Во декември унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи втора заштитна линија на границите на Бугарија и Македонија, која ќе ги запира бегалците, кои тргнале кон Европа, откако Грција не е во состојба да се справи со приливот и ги пропушта, без да ги регистрира и дистрибуира. Премиерот на Бугарија Бојко Борисов пак се изјасни во јануари за затворање на надворешните граници на ЕУ како единствено решение да се запре приливот на имигранти.

Исто така денес Европската комисија соопшти дека и доделува уште 10 милиони евра на Македонија, за да се подобри контролата на границата и да земат отпечатоци од оние бегалци кои влегуваат кај Грција. Брисел се надева со парите да се зголемат инспекциите по границите, како и да се зајакне контролата на документи, за да се запре неодамна регистрираниот раст на лажните пасоши. Освен за купување на опрема за македонските граничари, парите ќе се користат за плаќање на офицери, испратени од Фронтекс и од други членки на ЕУ да помагаат со обезбедувањето на границата. Евросредствата нема да можат да се трошат за кревање на бодликава ограда, соопштија централните македонските власти, истакна портпаролот на ЕК.

Одделно на Грција ќе и бидат доделени уште 12,7 милиони евра итно финансирање за изградба на прифатни центри за 8.000 луѓе. Досега со европски пари Грција обезбедила 7.000 места за сместување на бегалците во приватни домови, а ОН платил за други 14 900.

Дневно во Грција од турскиот брег доаѓаат над 2.000 лица. Грција е обврзана да обезбеди вкупно 50 000 места за привремено засолниште. За разлика од дистрибутивните кампови на егејските острови новите ќе се состојат од монтажни куќи и ќе бидат изградени на копното на Грција - во Атика и провинција Македонија. Досега ЕУ и додели на Атина 146 милиони евра итно финансирање за бегалците.

Брисел очекува до самитот на ЕУ во четвртокот во Брисел Грција да отвори уште 5 приемни центри на егејските острови, во кои ќе се идентификуваат новодојденците.

Слично

Поврзани вести