Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел од Србија бара „стоп“ за Јужен тек и санкции за Русија

Брисел од Србија бара „стоп“ за Јужен тек и санкции за Русија
Во најновиот извештај за напредокот на Србија кон Европската унија, Брисел бара од оваа земја за изградбата на гасоводот Јужен тек на своја територија да ги праша и останатите членки на Унијата. Во поглавјето за „Енергетика“, Брисел изразува загриженост дека спогодбата меѓу Белград и Москва за изградба на гасоводот не е во согласност со правилата на Европската енергетска заедница. Ваквиот извештај се толкува како притисок на Брисел врз српските власти да се откажат од изградбата на гасоводот за кој остро се спротивставува Европската унија, особено затоа што Србија е во фаза во која треба да започне преговори за членство во Унијата. Освен ова, Брисел има забелешки и за неусогласувањето со надворешната политика на ЕУ во поглед на наметнатите санкции кон Русија. Европската комисија најавува дека во иднина многу порано од земјите-кандидатки ќе се бара да ја прифатат заедничката надворешна политика на ЕУ, а поглавјето кое се однесува на оваа област ќе биде меѓу првите кои ќе се разгледуваат со земјите кои посакуваат членство во ЕУ. „Мора да го отвориме тоа прашање порано отколку што мислевме. Не може да има драстично кршење на меѓународното право на истокот на Европа, а тоа да не остави последици врз сите во европската куќа“, потврди и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Освен Србија, кон санкциите за Русија уште не се приклучила ниту Македонија која исто така е земја-кандидат за членство.
Слично

Поврзани вести