Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИСЕЛ: Нема ново писмо пратено до лидерите, само стари пораки!

БРИСЕЛ: Нема ново писмо пратено до лидерите, само стари пораки!

Дезинформација е дека европскиот комесар Јоханес Хан до политичките лидери испратил ново писмо во кое прави  напори за нова лидерска средба.

Како што пренесе порталот САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на свои извори  портпоролката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и за проширување Маја Коцијанчиќ рекла дека Еврокомесарот Хан нема испратено никакво ново писмо.

„Нема ново писмо. За тековната ситуација комесарот и европратениците продолжуваат да ги повторуваат поентите дадени во нивната изјава преку делегацијата на ЕУ, како елементи за тековните контакти меѓу партиските лидери“, рекла таа за нивниот портал.

И партиски извори им потврдиле дека никакво писмо од еврокомесарот Хан не било стигнато до лидерите на партиите потписнички на Пржинскиот договор.

Слично

Поврзани вести